Одличен почеток на првото коло за Гамбит асеко сее, со победа над англискиот клуб Бела роза (2.260, 29 рангиран) со 3,5 – 2,5 поени. Гамбит настапува на европскиот клупски куп кој се игра во израелскиот град Елиат во седум кола (започнат од Четвроткот ).
Гамбит (просечен рејтинг од 2.356, 21-рангиран пред почетокот на турнирот)
Иако загубија во второто коло од прворангираните Сокар Азербејџан(2.747) се надеваме на добар резултат.Сокар Азербејџан е еден потешките тимови на првенството во кои играат светските велемајстори: Раџабов , Мамедјаров, Топалов, Гришчук, Камски и Сутовски.
На ЕКК(европски клупски куп) играат вкупно 34 клуба во машка (во нив 106 Велемајстори) и 8 во женска конкуренција.
- По напорниот пат, успеавме да ја совладаме солидната англиска екипа Бела роза.Цела поен со одлична игра освоија Орце Данчевски и Дејан динев, а болниот Марјан митков сепак не успеа да ја спаси партијата од пораз.Ете минимална победа, колку во 2. коло да го добиеме најслиниот противник- кратко искоментира членот на гамбит, Зоран стојчевски
(интервјуто е превземено од www.novamakedonija.com.mk)